ВИДЕО | Дуња Иванова: Ќе изведеме дело инспирирано од Горан Стефановски

Дуња Иванова/Фото: Слободен печат

На 18 мај, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало во Скопје, ќе се реализира проектот „Триптих“, кој претставува спој на три видови уметност. Учесниците Дуња Иванова, Јована Зајкова и Горазд Китановски ќе ги обединат современиот звук за пијано и танцот преку мислата на Горан Стефановски.

„Мотивот за ова дело беше мислата на исклучителниот, единствен, водечки современ македонски драматург и потребата неговиот израз да се поврзе со други форми на уметност, во овој случај музиката и современи композитори кои јас во изминатите десетина години сакам да ги изведувам пред публиката. Тоа се композитори припадници на постминимализмот, дела од филмското платно и секако како идеја се наметнаа и тендециите во современата танцова уметност на експресиите на телото односно говорот заменет со гестакулација. Репертоарот е еден колаж од делата на Макс Рихтер, Јан Тирсен, потоа една преработка на песна од бендот „Редиохед“ од аранжерот Џош Коен, кој е исклучителен современ пијанист, тука се и делата на уште неколку припадници на постминимализмот. Ќе настапиме заедно со Јована Зајкова која е танчарка и кореографка и Горазд Китановски, поет, кој ќе говори делови од драмите на Горан Стефановски“, вели за Утрински брифинг, Дуња Иванова, пијанистка.

Таа вели дека од сите уметности, музиката е најпацифистичкиот начин нештата да се менуваат и затоа сака да ја изложи уметноста на улица за да ги научи да излезат надвор од формата и да ја восприемат сега и тука, не да се подготвуваат за неа и притоа да истражуваат во нејзините длабочини за да ја користат како најмоќно оружје за менување на нештата.

За повеќе од разговорот погледнете го видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот