ВИДЕО | Драма во судница: Обвинета Американка го нападна својот адвокат за време на судење

Тепачка во судница/ Фото Твитер

Американка обвинета дека го задавила својот сопруг за време на секс пред да го обезглави и да го фрли неговото тело, вчера го нападнала својот адвокат, а снимката била снимена на камерата во судот во Висконсин.

Тејлор Шабизнис (25) го нападнала нејзиниот адвокат Квин Џоли, околу 8:48 часот во вторник, за време на сослушувањето за да се утврди дали ја има потребната ментална јасност за да и се суди. Насилниот испад на обвинетата дојде откако во судот беше објавено од страна на нејзиниот адвокат дека на вештакот доделен да ја процени нејзината психолошка состојба ќе му треба повеќе време за да го комплетира извештајот.

Адвокатот побарал двенеделно одложување на сведочењето на вештакот, а судијата се согласил, предлагајќи датумот на новото рочиште да се помести од март во мај.

Тогаш Шабизнис скокнала од столот и го нападнала нејзиниот адвокат, прво обидувајќи се да го удри по раката пред да го удри во главата.

За среќа на адвокатот, обезбедувањето веднаш интервенирало. Успеале да ја имобилизираат 25-годишната девојка која сакала да им побегне и ја убедиле да се смири. Кога успеале, ја извадиле од судницата. Десет минути по нападот, кога продолжило сослушувањето, адвокатот го известил судот за својата одлука да се повлече од застапувањето на Шабизнис.

Прашањето дали Шабизнис е ментално компетентна да и се суди, ги преокупира правните власти во Висконсин од нејзиното апсење минатата година. Вештакот ангажиран од судот да ја оценува сведочел дека има способност да се брани на судење, но вештакот ангажиран од одбраната изразил сомнеж и побарал дополнителни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот