ВИДЕО: Додик во Москва на средба со Путин, му се пожалил на притисоци од „западните партнери“

Фото: РТРС

На денешната средба во Москва, рускиот претседател Владимир Путин на Милорад Додик му рекол дека ѝ е благодарен на Република Српска за нејзиниот „пријателски однос“ кон Русија, објави РТРС, јавниот сервис на босанскиот ентитет кој го следи Додик во Москва.

„Благодарен само за неутралниот однос на Српска кон прашањето за Украина“ рече Путин.

„Односите меѓу република Српска и Русија се добри и имаме добар тренд на економска соработка. Знаеме дека постои интерес за продолжување на соработката меѓу компаниите од Русија и Српска“ – рече Додик.

Тој додал дека Република Српска е изложена на многу притисоци од Западот.

„Не дозволивме да се донесе формална одлука за санкции против Руската Федерација и поради тоа бевме изложени на различни форми на притисок од нашите западни партнери во вид на санкции и суспензија на одредени проекти и програми. Но, решивме едноставно да не бидеме дел од хистеријата што се создава, туку да дадеме шанса да се реши ова прашање на ниво на Руската Федерација и Украина“, вели Додик претседателот на Српска.

Додик рекол дека република Српска „разбира оти тоа не е конфликт меѓу Украина и Русија, туку конфликт меѓу Западот и Русија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот