ВИДЕО | Димовски: Власта самата себеси си плука в лице оти истата власт го донесе овој закон за неработна недела и тој мора да важи за сите работници

Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија
Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија / Утрински брифинг

Синдикатите се спротивставуваат на предлогот за измена на законот за неработна недела со кој се предлага во туристичките места да може да се работи и в недела, а со цел туристите максимално да ја искористат понудата, а туристичките работници и бизнисите да максимално да ја искористат посетата на туристите.

-Недела неработен ден е бенефит за работниците и тоа веќе го уживаме. Тоа е наше право што го остваривме пред шест месеци. Сега, наеднаш, министерот за економија предлага измена и законот да не важи во туристички места Притоа, и министерот и пратениците предлагачи на измената се недостапни за Синдикатот да ни објаснат кои се тие туристички места и зошто во тие места да се работи в ндела во текот на целата година а не само времено, додека трае туристичката сезона, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, за Утрински брифинг.

Поради ова, вели Димовски, Синдикатот апелира до пратениците во Собранието да не се изгласаат ваквите измени. Тој додава дека Синдикатите се отворени за дијалог меѓу социјалните партнери и реагира дека не може прашања од работните односи да се решаваат со Законот за трговија, туку основен закон е Законот за работни односи.

-Ние бевме во Охрид. Оттаму ни велат дека за десет бутика ќе се менува цел закон. Работниците велат дека ако газдите сакаат да одат на одмор, тие ќе ги заменат и ќе работат но за соодветен надомест, вели Димовски.

Димовски пренесува дека донесувањето на овој закон за неработна недела беше инициран и донесен токму поради тоа што не се почитуваше исплатата на посебна дневница за работа в недела и за празник.

-За мене, ако ова се донесе, власта самата себеси си плука в лице оти истата власт го донесе овој закон, овие измени во Законот за трговија, кои навистина се добри. Претходно не се знаеше кој ден е работен кој не е работен и колку и кој плаќа дневници, вели Димовски.

Димовски додава дека синдикатите ќе запомнат кој ги поддржал работниците, а кој не бил за работнички права и тоа секако ќе се одрази на гласањето на идните избори. Синдикатот најавува дека се подготвува и за штрајк доколку не се испочитуваат стекнатите права на работниците.

 -Има и чесни работодавачи кои плаќаат и дневници и регрес за годишен одмор и се грижат за безбедноста на работниците, но има и такви кои не го прават тоа дури ни сега кога е донесен овој закон за неработна недела. Министерот беше во Охрид за време на викенд и во негово присуство некои газди покажуваа сила и нивните објекти работеа во недела, вели Димовски.

Димовски вели дека ССМ има синдикални патроли кои редовно пријавуваат до инспекциите состојби на непочитување на Законот за трговија во однос на неработна недела и непочитување на правата на работниците.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот