ВИДЕО | Џастин Тимберлејк подготвува нов албум: Што се откри во шоуто на Џими Фалон!

Instagram
Фото: Инстаграм / @justintimberlake

Поп – ѕвездата Џастин Тимберлејк, се вклучи во живо преку „Зум“ во шоуто „The Tonight Show со Џими Фалон“, каде јавно сподели дека работи на нов студиски албум.

Иако неговото гостување во емисијата беше пред сè поради филмот „Palmer“, Тимберлејк повеќе зборуваше за бебето кое неодамна го доби со актерката Џесика Бел, но и за новиот албум.

„Можам да потврдам дека работам на нов албум. Во последно време многу време поминувам во студиото. Свирам, компонирам, го сменив звукот… “, рече Тимберлејк.

Последниот студиски албум на Тимберлејк „Man of the Woods“ беше објавен во 2018 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот