ВИДЕО | Демонстрантите во Париз го блокираа влезот на Лувр

Фото Јутуб принтскрин

Демонстрантите во Париз, огорчени од потегот на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање во Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители.

Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот да се натераат повеќето Французи да работат до 64-годишна возраст за да го балансираат пензискиот буџет. „Пензионирајте се на 60 години – работете помалку за да живеете подолго“, пишуваше на еден транспарент.

Низ дворот на музејот се проби колона разочарани туристи. „Ова е смешно, доаѓаме од целиот свет со нашите деца да го посетиме музејот и смешно е што 20 луѓе го блокираат влезот“, рече Самуел, мексикански турист.

„Навистина разбирам од каде доаѓаат и тоа е сосема фер. Но, сите ние би сакале да ја видиме Мона Лиза, но не е важно“, рече Џејн, посетител од Лондон.

Вработените во Лувр беа меѓу демонстрантите пред познатиот музеј. На посетителите им се обрати туристичкиот водич на Лувр. „Се надеваме дека ги разбирате нашите причини“, рече таа.

Протестот дојде еден ден пред 10-тиот круг национални штрајкови и улични маршеви, повремено придружени со насилство во француските градови, поради пензиските реформи.

Во одделен инцидент, париската полиција објави дека спроведува операција за спречување на неовластени собири пред Центарот Помпиду, уште еден историски музеј во Париз.

ВИДЕО: Париз тоне во смет и се гуши во смрдеа, реформата на пензискиот систем предизвика насилни протести

ВИДЕО: Макрон пак ги разгневи Французите, кришум го извади скапоцениот часовник во живо на ТВ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот