ВИДЕО | Дејвис испиша историја, Лејкерс подобри од Минесота

Фото: Los Angeles Lakers

Сезонава во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс е најнепредвидливата екипа, Леброн и друштвото можат секого да победат, но и од секого да изгубат.

Имаа порази од најлошите тимови, а по победата над Милвоки сега славеа и над довчерашниот лидер на западот Минесота (120:109). Лејкерс со овој триумф и направија услуга на Оклахома која застана на првото место.

Ентони Дејвис одигра фантастичен натпревар со 27 поени, 26 скока, седум украдени топки, пет асистенции и три блокади. Со овој учинок, Дејвис стана првиот играч во НБА лигата кој на еден натпревар имал 25+ поени, 25+ скокови, 5+асистенција и 3+ укаредени топки. Солиден настап имаше и Леброн со 29 поени, 9 асистенции и осум скока.

Најдобри во редовите на Минесота беа Ентони Едвардс и Нас Рид, двајцата постигнаа по 25 поени. Минеоста од првата позиција падна на третата, меѓутоа ќе потсетиме беа без Карл Ентони Таунс кој ќе биде подолг период надвор од терените.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Клиперс – Милвоки 117-124

Сакраменто – Хјустон 104-112

Орландо – Индијана 97-111

Мајами – Вашингтон 108-110

Атланта – Њу Орлеанс 103-116

Оклахома – Мемфис 124-93

Њујорк – Филаделфија 73-79

Кливленд – Бруклин 101-120

ЛА Лејкерс – Минесота 120-109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот