ВИДЕО | Давидовиќ: Ние имаме проблем со примената на законите, а не со законите оти општеството е партизирано

Ѕвонко Давидовиќ 
Звонко Давидовиќ , адвокат / Утрински брифинг

Во својата последна колумна во „Фокус“ со остар и прецизен речник адвокатот адвокатот Ѕвонко Давидовиќ пишува за продолжувањето на истите проблеми во судството како што се лажни сведоци, монтирани вештачења, прифаќање невистинити искази, одбивање докази и слично при што се поставува прашање како е тоа можно?

-Можно е затоа што не постои вистинска судска власт. И тоа трае со години. Постојано е критикувана и обвинителската и судската фела, па потоа тие се правдаат. Кој како ќе дојде на власт предлага реформи и ништо не се случува. Ние имаме проблем со примената на законите, а не со законите, вели Давидовиќ за Утрински брифинг.

Тој додава дека целокупниот наш живот се исполитизира и ништо не може да се направи без партиите.

-Во Германија владејачката партија има 70-ина илјади членови, а земјата има над 70 милиони луѓе. Кај нас тоа е незамисливо оти кај нас без партија нема вработување, нема ништо. Постојано слушаме и правиме реформи, а 30 години немаме видено ништо. Како ќе замине некоја гарнитура од власт нејзините функкционери се судат, па обратно. Секој што ќе дојде на власт вели дека правосудниот систем функционира, а кога е во опозиција ставот е дека не функционира, вели Давидовиќ.

Давидовиќ вели дека тоа убаво го видовме вчера кога се дебатираше за кандидатите за уставни судии за кои партиите велат „наши кандидати“, па оттука излегува дека судиите се партиски.

-Точно е дека има и вклучени адвокати во овој неуспех, исто како што има и добри и квалитетни судии. Дел од адвокатите се обидуваат да интервенираат но не сме организирани ни спротени да артикулираме еден став дека ова не е во ред. Оти адвокатите за разлика од нотарите и извршителите ние мораме да трчаме по предмети за да преживееме, вели Давидовиќ.

Давидовиќ вели дека сега не е време за формирање тело кое ќе ја испитува корумпираноста на правосудниот систем оти неславно заврши и СЈО. -Реформи треба да има, ама да не се замешани политичарите, вели Давидовиќ за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот