ВИДЕО: Дали имаше пенал за Сити – ВАР им помогна на „граѓаните“ против Вулверхемптон

„Граѓаните“ потешко од очекувањата славеа дома над Вулверхемптон/Манчестер, Велика Британија/11 декември 2021/Фото: EPA-EFE/MAGI HAROUN

Денеска во 16 коло од англиската фудбалска Премиер лига составот на Манчестер сити потешко од очекувањата дома со 1:0 триумфираше над Вулверхемптон.

Доста тензично беше и на двете страни со голем број на жолти картони, а пред крајот на првото полувреме гостите останаа без еден играч поради двата жолти картони на Хименез.

Клучниот момент се случи во 66 минута кога беше досуден пенал за „граѓаните“, крајно контроверзен и сомнителен.

Гостите не можеа да поверуваат на судиската одлука да се покаже на белата точка, а после консултацијата на ВАР собата, и дефинитивно се шутираше пенал.

А истиот успешно го реализираше Стерлинг за продолжување на победничката серија на Сити и моментно прво место со 38 бодови, четири повеќе од второпласираниот Ливерпул кој има меч помалку.

Вулверхемптон веќе четири мечеви не знае за триумф, односно се наоѓа на осмото место со 21 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот