ВИДЕО: Цел свет му се смее на рускиот голман Ломајев!

фото: твитер

Еден комичен момент ни доаѓа од руските натпревари, поточно од второлигашкиот меч помеѓу екипите на Оренбург и Крилја Совјетов.

Главна „ѕвезда“ беше голманот на гостинската екипа Иван Ломајев кој на еден чуден начин се обиде да го запре ударот од белата точка во 87 минута при резултат 1:1.

Тој застана скоро на својата десна страна од голот и остави голема празнина на спротивната страна.

Се обидуваше да го натера противникот да шутира во поголемиот празен дел, дефинитивно по малку и потценувачки..

Интернационалецот од Гана, Џоел Фамеје го надмудри чуварот на мрежата, не падна на неговата „стапица“ и ја испрати на неговата страна. Дефинитивно крајно несериозно од голманот Ломајев во таков клучен момент од натпреварот..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот