ВИДЕО: Британец е првиот кој ја прими вакцината на АстраЗенека и Оксфорд

Велика Британија прва во светот почна со вакцинирање со вакцината на компаниите АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Прв вакцината ја прими 82-годишниот Брајан Пинкер во универзитетската болница на Оксфорд, рано утрово во 7.30 часот по локално време.

Пензионерот, кој со години оди на дијализа е пресреќен што прими вакцина.

„Многу ми е мило што денеска добивам вакцина и навистина сум горд што таа е пронајдена во Оксфорд. Денеска медицинските сестрите, лекарите и персоналот беа одлични и годинава навистина можам да и се радувам на прославата на 48. годишнина од бракот со сопругата Ширли, рече тој.

Минатиот месец Британија прва во светот почна со вакцинација користејќи ја вакцината на Фајзер и Бионтек која мора да се чува на многу ниски температури. Досега оваа вакцина ја примија околу милион Британци.

Вакцината Оксфорд/АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер па полесно се транспортира и користи. Индија во неделата оваа вакцина ја одобри за итна употреба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот