ВИДЕО | Божиќен раскош: Јелена Карлеуша покажа како го украсила домот за празниците

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Без разлика дали ја сакате или не, српската пејачка Јелена Карлеуша знае како да го привлече вниманието на јавноста со нејзиниот раскошен животен стил и маркантната појава.

Со оглед на тоа што божиќните празници се сѐ поблиску, ѕвездата го претвори својот топол дом во вистинска новогодишна бајка за неа и нејзините две ќерки – 15-годишната Атина и 14-годишната Ника.

Годинава, Карлеуша се одлучила за златно-бели декорации, а нејзината елка во дневната соба изгледа како оние што ги гледаме во домовите на светските ѕвезди.

Исто така, пејачката го украсила и дворот со внимателно одбрани детали, а на нејзината улица во отмената белградска населба Дедиње владее вистинска празнична идила.

Во продолжение, погледнете ги видеоснимките коишто таа ги објави како стории на нејзиниот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот