ВИДЕО: Борусија Менхенгладбах по победата над Баерн претрпе убедлив пораз од Мајнц

фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во натпреварот од 22 коло во најсилното германско првенство фудбалерите на Мајнц вечерва ја совладаа екипата на Борусија Менхенгладбах со 4:0.

Стрелци на головите на домашниот состав беа Ли Џае Сон во 26, Ингвартсен во 49, Ажорк во 72 и Вајпер Нелсон во 93 минута.

Мајнц сега има 32 бодови и врза три победи, Борусија Менхенгладбах го доживеа деветиот пораз сезонава по победата над Баерн и останува на 29 бодови.

Во следното коло Менхенгладбах на 4 март ќе го пречека Фрајбург, додека истиот ден е домаќин на Хофенхајм.

Во сабота ќе се одиграат шест натпревари во Бундес лигата, во терминот од 15.30 часот ќе играат Келн – Волфсбург, Херта – Аугсбург, Хофенхајм – Борусија Дортмунд, Лајпциг – Ајнтрахт и Вердер – Бохум. Од 18.30 часот на терен ќе излезат играчите на Шалке и Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот