ВИДЕО: Бизнисменот Лазаров во УБ најави прва приватна Брза Помош во земјава

Несомнено е дека економијата е во криза. Тоа го гледаме секојдневно. Но јас како млад бизнисмен ова го гледам како шанса да се излезе посилен и да се рестартира нашата економија во насока во која што се светските трендови – дигитализација, обновливите енергетски извори, инфраструктурата, обезбедување евтин гас. Кризата ќе заврши, но ние како бизнисмени треба да извлечеме поука – што понатаму, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Кирил Лазаров, претседател на македонско-бугарската комора.

-Во моментов е при крај проект за првата приватна Брза Помош во Македонија. Набавени се 7 возила кои ќе ја покриваат територијата на град Скопје и сето тоа ќе биде дигитализирано, повиците ќе бидат преку мобилни апликации и времето на интервенција на медицинските тимови ќе биде гарантирано. Комплетна услуга која произлегува од потребите на клиентите. Потребите освен panic тастерот кога имаат проблем ќе служи и кога ќе се има здравствен проблем. Идејата тлееше со години, но сега мислиме дека е право време. Селектиран е млад, амбициозен и квалитетен кадар. Идејата е уште пред четири, пет години. Ќе имаме 20 тимови од самиот старт. Услугата ќе биде достапна за сите- вели Лазаров.

Разговорот со бизнисменот Кирил Лазаров погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот