ВИДЕО: Бизарна смрт на Русин од Новосибирск, скокнал со чадор од 8 кат на зграда

Фото: Скриншот/Твитер

Маж во градот Новосибирск, Русија, држејќи отворен чадор скокнал од осмиот кат на зграда, по што починал на пат кон болница.

Инцидентот се случил денеска и мажот пред соседите грабнал чадор, излегол на балконот и паднал.

„Пред да падне, силно викаше, вознемирувајќи ги сите. Се чинеше дека многу испил, со чадорот се качи на балконот и падна“, изјавија очевидци за Atas.info.

Погледнете го видеото:

Соседите веднаш повикале брза помош и болничарите се обиделе да му укажат прва помош. Меѓутоа, мажот починал во возилото на Брзата помош на само неколку метри од болницата.

„Жртвата беше на возраст од 40 години. Тој се здоби со повреда на главата и скршеница на ногата“, изјави извор за Atas.info.

„Полицијата прими дојава за инцидентот и полицајците се упатија на местото на настанот“, коментираат од полициската управа во Новосибирск.

Во меѓувреме полицијата отвори истрага за околностите за трагичното загинување на овој човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот