ВИДЕО | Бил Гејтс мисли дека „електронските тетоважи“ ќе ги заменат паметните телефони

бил гејтс
Бил Гејтс / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Софтвер магнатот, инвеститорот и филантроп Бил Гејтс стана еден вид гуру на новата реалност што ја живее човештвото и сега ко-основачот на Мајкрософт предвиде нов тип на технологија која, меѓу другото, ќе ги замени паметните телефони, пренесува „Marca“.

Не е првпат Гејтс да се осмели да прави предвидувања, како што покажа кога зборуваше за нова пандемија која ќе го нападне човештвото, сега авторот и предавач зборуваше за електронска тетоважа.

Која технологија ќе ги замени паметните телефони според Бил Гејтс?

Бизнисменот се осврнува на електронските тетоважи развиени од компанијата „Chaotic Moon“, техника базирана на биотехнологија која има за цел преку неа да анализира и собира информации од човечкото тело.

Меѓу податоците што ќе ги складира оваа тетоважа, првично се зборува за медицински и спортски информации, со кои ќе може да се превенираат и контролираат болестите, како и да се подобрат физичките и спортските перформанси со помош на виталните знаци.

Како електронската тетоважа ќе биде поставувана на луѓето?

Иако оваа електронска тетоважа сè уште е во фаза на развој, познато е дека ќе се нанесува привремено на кожата, со мали сензори и тракери кои испраќаат и примаат информации преку специјално мастило кое спроведува струја.

Идејата на Гејтс, е луѓето да можат да ја користат електронската тетоважа развиена од „Chaotic Moon“ за да се јават, да испраќаат пораки или да побараат адреса. Иако сè уште не е можно да се зборува за приближно време кога електронската тетоважа ќе биде достапна, Гејтс и неговиот тим бараат начин да ја искористат за да биде новиот уред со кој луѓето ќе ги вршат многу од работите што ги прават преку паметните телефони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

ВИДЕО | Мелинда се отвори за разводот од Бил Гејтс: Пријателството со Епштајн, бројните неверства…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот