ВИДЕО | Барселона се мачеше, но ја победи Осасуна

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барселона потешко од очекувањата ја совладаа Осасуна на „Ноу Камп“ со резултат 1:0.

Долго избраниците на Чави се мачеа со отпорот на тврдиот ривал кој во Каталонија стигна растеретено, но на средина на полувреме се соочија со проблем кога исклучен беше Херандо. Од тој слободен удар се обиде Рафиња, но неговиот удар заврши над голот.

Проблемите не заобиколија ниту домаќините, Гави набрзо мораше да го напушти натпреварот поради повреда.

Екипата од Памплона лавовски се бранеше и изгледаше дека ќе успее да излезе непоразена по поништениот гол на Левандовски, но деталот од 85-тата минута ги расипа плановите на гостите.

Иако акцијата на Барселона одеше прилично бавно по додавањето од Де Јонг топката дојде до Жорди Алба кој со многу среќа го матираше Фернандез на првата статива и така го одведе својот тим до победа.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Алмерија освои важни три бода против Елче во битката за опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот