ВИДЕО | Барселона ја победи Осасуна и закажа „Ел Класико“ во Ријад

Фото: FC Barcelona

Барселона ја оправда фаворитската улога против Осасуна и вечерва славеше победа од 2:0 со која закажа „Ел Класико“ во финалето на Суперкупот во Ријад.

Доминираше Барселона и создаваше прилики, но Осасуна одолеваше на нападите на Каталонците, па така по првите 45 минути не видовме погодоци.

Не се промени сликата ниту на стартот од второто полувреме, Барселона продолжи да напаѓа, а резултатот беше отворен по еден час игра кога Левандовски го матираше голманот на Херера.

Осасуна немаше сили да создаде нешто поконкретно, па Барселона сигурно ја чуваше предноста се до завршницата кога младиот Јамал ги постави конечните 2:0.

 

Во финалето кое е закажано в недела Барселона ќе се сретне против Реал Мадрид кој вчера по продолженија со 5:3 го елиминираше градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот