ВИДЕО: Барди и Леванте ја губат битката за опстанок во „Ла Лига“

барди
Енис Барди останува во редовите на Леванте/Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Уште еден пораз (трет по ред), вкупно 14 сезонава во најсилното шпанско првенство за Леванте кој овојпат загуби дома од Бетис со 2:4.

Кај домаќините настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди од 66 минута како замена за Дани Гомез.

Леванте сезонава има само еден триумф и се наоѓа на последното 20 место со 11 бодови и не покажува никакви сериозни знаци дека има амбиции да се бори за опстанок во „Ла Лига“. Има уште доста да се игра до крајот на сезоната, уште 15 кола, од сигурната зона составот од Валенсија го делат моментно вкупно 12 бодови, односно на 17 место е засега „безбедната“ Мајорка.

На денешниот дуел гостите постигнаа три гола во првото полувреме преку Фекир, Гонзалез и Карваљо, намали Гомез во 43 минута. Истиот намали се погрижи и за 2:3 на стартот од вториот дел, но само 120 секунди подоцна Фекир по вторпат се запиша во листата на стрелците.

Кај домаќините во 74 минути поради црвен картон теренот предвреме мораше да го напушти Солдадо.

Во следното коло Леванте за три дена му гостува на Атлетико Мадрид. Бетис е во сериозна трка да се бори за една од позициите кои водат во групите на Лигата на шампионите следната сезона, моментно е на третото месот со 43 бодови, зад водечките Реал Мадрид (54) и Севиља (50). Во истата лигашка рунда денеска Алавес триумфираше над Валенсија со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот