ВИДЕО: Бабунски не е повеќе играч на унгарскиот Дебрецен

давид бабунски
Давид Бабунски има нов клуб во Унгарија/фото: instagram.com/davidbabunski/

После една помината година 28-годишниот играч за врска во нападот Давид Бабунски одлучи да го напушти унгарскиот клуб Дебрецен.

Минатата сезона во унгарскиот шампионат во 24 запишани настапи постигна еден гол во гостинската победа над Пакси (0:1).

– Време е да се оди напред. Беше одлично искуство да се игра за овој клуб. Благодарам до Дебрецин и на сите фанови за поддршката. Ви посакувам сè најдобро во иднина – стои во објавата на Бабунски на Инстаграм.

Професионалната кариера ја започна во Б тимот на Барселона, па беше дел од Црвена звезда, Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија, Ботошани и Вииторул Констанца.

Неговиот брат Доријан Бабунски остана во Дебрецен (26), а за овој напаѓач во изминатиот период се шпекулираше дека има понуда да се врати во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот