ВИДЕО: Автобус со српски ученици удри во банкина на автопат, на шоферот му се слошило

Фото: 192.rs / Инстаграм

Попладнево околу 14:30 часот на автопатот Белград-Ниш кај излезот Баточина, автобус кој превезувал ученици од Ниш го пробил насипот и удрил во банкината на средината меѓу двата автопатски правци, јавија српските медиуми.

Според првичните информации, автобусот со нишките гимназијалци се враќал од екскурзија во Шпанија. На само стотина километри од Ниш, на возачот според неофицијалните сведочења на учениците, најверојатно му се слошило и ја загубил контролата врз автобусот,кој удрил во заштитната ограда и ја пробил, но за среќа немал доволно брзина да излезе на спротивната лента на автопатот.

Медиумите пишуваа дека повреден е само возачот на автобусот, но не се знае степенот на тежината на неговите повреди.

Децата кои биле во автобусот се безбедни. На видеата кои ги објави Инстаграм профилот 192_rs, може да се забележат деца како стојат на страната на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот