ВИДЕО: Аугсбург слави во Бремен, Вердер утна пенал за бод во 93 минута

Вердер Бремен пропушти шанса за реми против Аугсбург/фото: EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Во првиот натпревар од шестото коло на германската Бундеслига, Аугсбург го победи домашниот Вердер Бремен со 1:0.

Решавачкиот гол го постигна босанскиот интернационалец Ермедин Демировиќ во 63 минута. Тоа беше перфектна акција на гостите, која Груезо ја започна со одлично додавање кон Бериша, а овој во шеснаесетникот му асистираше на Демировиќ кој ја погоди домашната мрежа.

Вердер напаѓаше со сите сили по израмнување, но остави многу простор на својата половина, па малку недостасуваше гостите во 76 минута речиси да го зголемат водството. Мергим Бериша со убав потег го лобуваше голманот Павленко, но ја погоди пречката.

Во 80. минута прекрасна можност за Вердер пропушти резервниот играч Шмит. Вердер продолжи да напаѓа, а во финишот ја доби најдобрата можна шанса да дојде до бод.

Во судиското надополнување Бауер играше со рака во казнетиот простор, судијата Петерсен покажа на белата точка, а Дукш лоши го изведе пеналот. Гикиевиц го прочита и го одбрани неговиот удар.

На табелата Вердер после вториот пораз сезонава е на 10 позиција со осум бододви, два повеќе од Аугсбург на 11 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот