ВИДЕО: Аугсбург направи изненадување, ова е најлошиот Баерн во последните 20 години

Баерн четири натпревари не знаае за победа во Бундеслигата/Аугсбург, Германија/17 септември 2022/фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Баерн Минхен денеска загуби од Аугсбург во седмото бундеслигашко коло со 1:0 и веќе четврти натпревар по ред изненадувачки актуелниот шампион не знае за победа. Стрелец на единствениот гол за Аугсбург го постигна Бериша во 59 минута од мечот.

Пред овој меч на „ВВК“ арената, играчите на тренерот Јулијан Нагелсман во германскиот шампионат ремизираа трипати во низа против Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт, а сега за првпат сезонава го вкусија и поразот.

Воедно за првпат од јануари 2002 година гигантот од Минхен да не слави четири мечеви по ред во првенството.

На табелата Баерн е на четвртото место со 12 бодови, три помалку од водечкиот Дортмунд, додека Аугсбург е на 11 место со девет бодови.

Во другите денешни натпревари: Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:1, Дортмунд – Шалке 1:0 и Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот