ВИДЕО: Аталанта само до бод, Кремонезе му направи „услуга“ на Наполи

Аталанта не ја оправда фаворитската улога против Кремонезе/Бергамо, Италија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Аталанта ја пропушти можноста по шестото коло со победа на свој терен да се врати на врвот во Серија А.

Прекината е серијата од три победи на играчите на тренерот Џан Пјеро Гасперини со ремито против Кремонезе (1:1), кој го освои само вториот бод во шампионатот, откако во минатото коло одигра без голови против Сасуоло.

На денешниот меч се мачеше клубот од Бергамо, гостите одиграа максимално ангажирано и самопожртвувано и тоа на крајот им се исплатеше.

Домаќинот поведе со голот на Демирал (74`), а израмнувањето се случи четири минути подоцна преку Валери.

Аталанта е второпласирана со 14 бодови, колку што има и водечкиот Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Наполитанците“ во саботата триумфираа минимално над Специја (1:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот