ВИДЕО | Aрсенал ја продолжи победничката серија во 2024 година

Фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

Aрсенал денеска ја продолжи победничката серија во 2024 година и славеше победа со 2:1 против тимот на Брентфорд во Премиер лигата.

За разлика од претходните натпревари кои беа со повеќе разлика, денеска се помачија да стигнат до трите бода. Со овој триумф Арсенал барем до утре до натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе биде на прво место на табелата.

Човек на одлука во денешниот натпревар беше Каи Хаверц кој го постигна голот за победа во 86. минута. За Хаверц ова беше четврти натпревар во низа на кој постигнува гол, претходно погодуваше со Барнли, Њукасл и Шефилд. Преостанатиот гол за Арсенал беше дело на Рајс во 19. минута, додека за Брентфорд стрелаше Виса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот