ВИДЕО | Aнтони херој на Манчестер Јунајтед, Нотингем немаше сили за изненадување

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на гостински терен славеа победа против Нотингем Форест со 2:0 во рамките од 31-то коло во англиската Премиер лига.

Првпат после подолго време во стартниот состав на Јунајтед поради повредата на Лисандро Мартинез се најде Хари Мегваер. Домаќините создадоа неколку прилики на почетокот на мечот, а кого не ги реализираа стигна казната во 32-та минута кога Антони ја собра топката по еден шут на Марсијал и ја смести топката во мрежата.

На почетокот на второто полувреме одлична прилика пропушти Фернандеш кој ја погоди пречката, меѓутоа спас за домаќините немаше во 76-та минута.

Антони ја „измеша“ одбраната на Нотингем и го проигра Диого Жота кој ја заврши акцијата со гол.

До крајот на натпреварот немаше поголеми возбудувања, па Манчестер Јунајтед така стигна до 59 бода и третата позиција на која пред ова коло беше Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот