ВИДЕО: Англичанките за првпат на европскиот фудбалски трон

Англија во финалето на ЕП ја совлада Германија/Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Англиската женска фудбалска репрезентација го освои Европското првенство, откако во финалето ја совлада Германија по продолженијата со 2:1.

На преполниот стадион „Вембли“ во Лондон, англиските фудбалери се закитија со титулата европски шампионки во фудбал. За првпат во својата историја, женската селекција на Англија доаѓа до големиот европски трофеј.

Од друга страна, Германија, најтрофејната репрезентацијата, после осум успешни, го бележи првото неуспешно финале. Немаше голови во првото полувреме, а во 62 минута поведе Англија преку Тун која го лобуваше противничкиот голман.

Се играше 79 минута кога Германките дојдоа до израмнување. Васмут уфрли ниска топка во шеснаесетникот на Англија, а тмау Магул добро реагираше и постигна гол.

Клучниот момент се случи во второто продолжение, поточно во 110 минута. После корнер и мешаница во казнетиот простор на Германија, Кели одлично се снајде и го постигна својот прв гол во дресот на репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот