ВИДЕО | Андоновиќ: Антиваксерите – иницијална каписла за рушење на Јанша

Протест во Љубљана/ Igor Kupljenik/MI-PRESS / Shutterstock Editorial / Profimedia

Противниците на мерките за сузбивање на ковид-19 синоќа се собраа на плоштадот „Република“ во Љубљана. Протестот започна со критики на Владата, при што се скандираше за оставка, а по два часа дел од присутните запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон словенечкиот парламент. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Демонстрантите побараа промена на мерките за сузбивање на вирусот во препораки и распишување предвремени избори. Овие протести беа иницирани по вчера стапувањето на сила на заострените мерки против ковид кои предизвикаа големо незадоволство кај невакцинираните. Најголемото незадоволство е кај возачите кои доколку немаат ковид-пропусница не можат на наточат гориво во својот автомобил.

Словенечките медиуми пренесоа и за инциденти со незадоволните граѓани поради оваа одлука на кабинетот на Јанша еден возач, незадоволен од образложението дека не може да наточи бензин без ковид-пропусница, седнал во своето возило и се заклучил, така што настанала голема редица од возила. Набрзо интервенирала полицијата, а возилото било дислоцирано со пајак-служба.

Слични протести на антиваксерите изминативе денови имаше во Атина и Софија, кои се противат на воведените анти ковид мерки и неопходноста за посњедување на Ковид пасоши за движеше и нормално функционирање. Дека низ речиси сите држави во светот се заоструваат мерките против невакцинираните покажува и информацијата во која се наведува дека сите дипломати кои ќе присуствуваат на седницата на Генералното собрание на ОН следната недела ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот во согласност со правилата што важат во Њујорк. Американската армија веќе наложи дека во нејзините редови нема место за невакцинираните војници.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска оцени дека пандемијата за вакцинираните поминала и дека сега има појава на пандемија на невакцинираните.

„Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Тој посочи дека вакцинираните не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот