ВИДЕО: Андонова со два гола во триумфот над Атлетико Мадрид

фото: facebook.com/LUDFemenino

Во пријателски натпревар како подготовка за новата натпреварувачка сезона во Шпанија женскиот фудбалски клуб составот на Леванте со 2:1 триумфираше над Атлетико Мадрид.

Леванте дојде до победата благодарение на двата голови на македонската фудбалерка Наташа Андонова.

Првиот нејзин погодок беше ремек дело, а вториот беше реализиран од пенал.

На 18 август Леванте ќе го има својот настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

Противник на шпанскиот претставник е Селтик од Шкотска, а победникот од тој меч во следната рунда ќе ги одмери силите со подобриот од пресметкаѕа Минск – Розенборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот