ВИДЕО | Американските конгресмени скандираа „Слава на Украина“ по говорот на Зеленски

Володимир Зеленски/Фото Carol Guzy / Zuma Press / Profimedia

По синоќешниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски во американскиот Конгрес, следеше аплауз кој траеше неколку минути.

Камерата го сними моментот кога некои од американските конгресмени извикуваа „Слава на Украина“ – поздрав што Украинците често го користат од почетокот на руската инвазија.

Украинскиот претседател во тој момент ја наведна главата, а се забележуваше дека се бори со емоциите. Но тој брзо се смири и одговори: „Слава на хероите“.

ВИДЕО: Моќен говор на Зеленски пред Конгресот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот