ВИДЕО: Американците без најголемите НБА ѕвезди на Мундобаскет 2023

фото: EPA-EFE/YANDER ZAMORA

Од 25 август до 10 септември 2023 година во Јапонија, Индонезија и Филипини ќе се игра Светското првенство во кошарка.

Репрезентацијата на САД, секако, треба да биде најголем фаворит, но по објавувањето на списокот на играчи можеби и не делува така.

Кога Франција ги исфрли ослабените Американци на Светското првенство во Кина пред четири години, најголемите ѕвезди на НБА се мобилизираа да му покажат на светот кој е најдобар во кошаркарската игра. Кевин Дурент, Демијан Лилард и Џејсон Тејтум беа најголемите ѕвезди на американската репрезентација која без многу потешкотии ги освои Олимписките игри во Токио пред две години. И сега повторно исчезна ентузијазмот.

Селекторот на САД, Стив Кер нема да смета на најдобрите играчи во НБА лигата, па ќе донесе талентирани кошаркари чие време допрва треба да дојде на престојниот Мундобаскет каде ќе играат во групата „Ц“ со Јордан, Грција и Нов Зеланд.

Составот на САД за СП 2023: Паоло Банкеро (Орландо меџик), Микал Бриџис (Бруклин нетс), Џејлен Брансон (Њујорк никс), Ентони Едвардс (Минесота тимбервулвс), Тајрис Халибартон (Индијана пејсерс), Џош Харт (Њујорк никс), Брендон Инграм (Њу Орлеанс пеликанс), Џерен Џексон Јуниор (Мемфис гризлис), Камерон Џонсон (Бруклин нетс), Вокер Кеслер (Јута џез), Боби Портис (Милвоки бакс) и Остин Ривс (Лос Анџелес лејкерс).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот