ВИДЕО | Адеми: Политика треба да ја интерпретира сегашноста и да ја проектира иднината

И како Влада во изминативе четири години покажавме дека сме отворени кон регионална поинтензивна соработка. Иницијатива 8 е тесно врзана со трасата на Коридорот 8 кое го поврзува Црното со Јадранско море и оваа иницијатива на министерот за надворешни работи е практично во делот на зајакнувањето на таа соработка. не само во делот на инфраструктурата туку и во други области како култура, транспорт, економија, енергетика итн. кои би биле дополнителен стимул на соработка помеѓу трите земји. Јас се надевам дека министерките за надворешни работи на Албанија и Бугарија ќе одговорат позитивно на оваа ионицијатива со цел оваа соработка да ја интензивираме, изјави во Утрински брифинг Едмонд Адеми, советник на премиерот Зоран Заев за надворешни работи.
-Ова е регионална иницијатива која ги поврува и Македонците и Албанците и Бугарите и Турците и сите и апсолутно нема никаков етнички контекст, вели Адеми.
-Имаме редовни консултации помеѓу чинителите на надоврешната политика во Владата пред се. Тука се премиерот, кабинетот на премиерот, министерот за надворешни, вицепремиерот за европски прашања и имаме редовни координации по сите прашања. фактот што оваа 2021 година започна со редовен состанок во тој дел ја покажува посветеноста на владата за градење на добрососедство, отворен дијалог, посветени на европскиот пат, вели Адеми.
-Заради непринципиелната позиција на Бугарија по однос на отворањето на преговорите со Северна Македонија сме оваму каде што сме и имајќи предвид дека Бугарија влага во изборна кампања нема да дозволиме злоупотреба на ова прашње во тој дел. Ќе видиме што ќе се случува со изборите таму, ние сме отворени и сакаме да разговараме со сите чинители. Она што како Влада и држава го имаме како црвени линии по однос на прашања за кои што ниту преговараме, ниту разговараме се идентитетските прашања, изјави Адеми.
Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот