Вештачка интелигенција ќе прегледува уво, нос и грло во Белгија

Фото: AiTreat/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Болница во Белгија се подготвува да започне проект во кој вештачката интелигенција ќе се користи за прегледи на уво, нос и грло, јавува Anadolu Agency.

EpiCURA, приватна болница во градот Ат во регионот Валонија во Белгија, планира да користи вештачка интелигенција за да врши прегледи на уво, нос и грло на пациенти, почнувајќи од крајот на 2023 година.

Во проектот кој ќе биде финансиран од Владата на Валонија ќе се користи технологијата на белгиската софтверска компанија Bingley.

Според дизајнерот на проектот во разговор за тамошните медиуми, одговорите на прашањата за вештачката интелигенција пред консултацијата со лекарот ќе заштеди време за пациентот и докторот.

На лекарите ќе им биде дозволено и директно да комуницираат со пациентите за време на прегледите.

Вештачката интелигенција ќе му постави на пациентот 70 до 100 проценти од прашањата што лекарот му ги поставува на пациентот пред да се сретне со него. Ова ќе ги направи посетите поефикасни и значително ќе помогне во дијагнозата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот