Велика Британија се соочува со најголем пад на потрошувачката моќ во последните 70 години

Знаме на Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска се соочува со најголем пад на потрошувачката моќ во последните 70 години поради зголемените трошоци за живот. Владината независна организација за прогнозирање на трошоците рече дека приходите на домаќинствата, кога ќе се земат предвид растот на цените, ќе паднат за 6 отсто оваа и следната година, според Би-Би-Си.

Тие предупредуваат дека животниот стандард нема да се врати на нивоата пред пандемијата до 2027 година. Најавите доаѓаат откако британскиот канцелар на финансии Џереми Хант изјави дека економијата ќе се намали оваа година, но ќе избегне рецесија. Сметките за енергија и храна вртоглаво пораснаа поради војната во Украина и пандемијата и ги оптоваруваат домашните буџети.

До крајот на оваа година инфлацијата треба да се преполови на 2,9 отсто, соопшти Управата за буџетска одговорност (ОБР). Но, засега, бројката е сè уште многу висока и многу над просечните плати. Падот на реалниот расположлив приход на домаќинствата би претставувал „најголемиот двегодишен пад на животниот стандард од 1950-тите, откако започна евиденцијата“, рече Ричард Хјуз, претседател на OБР, објави Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот