Велика Британија денеска почнува вакцинација со вакцините на Астра Зенека и Оксфорд

Фото: EPA

Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози.

– Ова е клучен момент во нашата борба против овој ужасен вирус и се надевам дека дава нова надеж оти се гледа крајот на оваа пандемија, истакна британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Минатиот месец Велика Британија, прва земја во светот, почна со употреба на вакцината на Фајзер и БиоНтек, која мора да се чува на многу ниска температура. Досега таа вакцина ја примиле околу еден милион Британци.

Вакцината Оксфорд/АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер, па поради тоа полесно се транспортира и користи.

Изминатите четири недели во Велика Британија регистриран е значителен пораст на бројот на новозаболени. Вчера се пријавени 55.000 инфицирани луѓе со ковид-19. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е над 75.000 луѓе, со што Велика Британија е на второ место во Европа по починати лица од последици од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот