Велешанец им нудел мито на полицајци, за да го ослободат

Полициски службеници во Велес денеска го привеле И.Д.(24) поради сомнение дека извршил кривично дело „давање поткуп”, по член 385 ст.1 од Кривичниот законик.

„При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.„Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен“, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот