Вејн Руни: Пиев алкохол додека не се онесвестев

EPA-EFE/Aleksandra Szmigiel

Една од англиските фудбалски легенди во раната младост барал бегство од стресот и притисоците на славата во алкохолот. Знаел со денови да пие во својот дом

Вејн Руни (38) се отвори за својата злоупотреба на алкохол на почетокот на фудбалската кариера, велејќи дека пиел „речиси додека не се онесвестел“.

Сегашниот менаџер на Бирмингем зборуваше за тешкотиите со кои се соочувал за да се справи со притисокот на славата.

Руни во сениорскиот тим на Евертон влезе на 16-годишна возраст, стана англиски репрезентативец на 17 години и му се приклучи на Манчестер јунајтед на 18 години, но рече дека неговиот висок лет има цена.

– Моето релаксирање во моите рани 20-ти години беше алкохолот. Би поминувал по неколку дена дома и не би излегувал. Би пиел речиси додека не се онесвестам – искрен е Руни.

Вејн Руни, една од најголемите ѕвезди на фудбалот на Островот, не се чувствувал пријатно во друштво на луѓе.

– Не сакав да бидам покрај луѓе, бидејќи често се чувствував непријатно. Понекогаш се чувствував како да сум ги разочарал луѓето и на крајот не знаев како поинаку да се справам со тоа. За среќа, веќе не се плашам да одам и да разговарам со луѓето за најразлични прашања – вели Руни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот