Веганите и вегетаријанците имаат поголем ризик од мозочен удар

Вегетаријански и вегански начин на исхрана намалува ризик од срцеви заболувања, но носи поголем ризик од мозочен удар, покажала голема студија објави Би-Би-Си.

Студијата објавена во Бритиш медикал џурнал испитувала 48.000 луѓе во изминатите 18 години.

Вегетаријанците и веганите имаа десет случаи на помалку коронарна болест на 1.000 луѓе кои јаделе месо, но и три случаи на мозочен удар. Студијата ги анализира податоците од EPIC-Oxford истражување, долгогодишен научен проект што се однесува на навиките на јадење и здравјето.

Половина од испитаниците во студијата јаделе месо, нешто повеќе од 16,000 биле вегетаријанци или вегани, а 7.500 пескатаријанци, луѓе кои јаделе риба. Нивната медицинска историја, пушењето и физичката активност биле земени предвид за студијата.

Пескатаријанците имале 13 проценти помал ризик од коронарна срцева болест отколку оние кои јаделе месо, додека вегетаријанците и веганите имаат 22 отсто помал ризик. Но, вегетаријанците и веганите имале 20 проценти поголем ризик од мозочен удар.

Научниците сугерираат дека тоа може да биде поврзано со ниско ниво на витамин Б12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот