„Васил Хаџиманов бенд“ го промовираше осмиот студиски албум „Кејф“

Фото: МИА

„Васил Хаџиманов бенд“, еден од највлијателните џез-фјужн состави на Балканот, денеска го промовираше својот осми студиски албум со наслов „Кејф“ во фоајето на Македонски народен театар.

Албумот е издаден во дигитален и це-де формат од страна на хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“ и содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.

На денешната прес-конференција, Васил Хаџиманов истакна дека уживал додека го снимале албумот и дека е задоволен како испаднал.

Фото: МИА

Продуцентот Тони Китановски посочи дека ова му е трета соработка со Хаџиманов.

„Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот“, беше посочено на прес-конференцијата.

Новиот студиски албум на „Васил Хаџиманов бенд“ ќе биде претставен на концерт во Македонскиот народен театар на 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот