Вашингтон обезбеди конференциско полуфинале, Јакимовски еден од најзаслужните на теренот

Фото: Washington State

Maкедонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одново беше еден од најзаслужните за победата на неговиот Вашингтон Стејт која овој тим се пласираше во конференциското полуфинале на НЦАА плеј-офот.

Вашингтон беше подобар од Стенфорд со 79:62, а Јакимовски за 37 минути на паркетот запиша 13 поени, шест скока, две асистенции и една украдена топка. Посебно одличен македонскиот кошаркар беше во клучните моменти кога погоди три тројки.

Утре наутро Вашингтон во 3:30 часот по македонско време ќе се соочи со екипата на Колорадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот