Вардар не го победи Тиквеш, Еурофарм Пелистер и официјално е шампион на Македонија

Фото: Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и и официјално се нови шампиони на Македонија откако Вардар ремизираше со Тиквеш 32:32.

Тиквеш ја презема контролата на мечот од самиот почеток и поведе со 6:2. Заигра тимот на Недановски нешто подобро и до крајот на полувремето намали на 18:15.

Вардар се мачеше и во вториот дел против Тиквеш, а до израмнување стигна некаде кон средината на второто полувреме (22-22). Успеаа ракометарите на Вардар и да поведат со 30:29, но сепак на крајот тимот од Кавадарци успеа да освои бод со кој го обезбеди учеството во Европа наредната сезона.

Најефикасен кај Тиквеш беше Страхиња Симиќ со 10 гола, додека во редовите на Дејан Манасков постигна 10 погодоци.

Eурофарм Пелистер во својот натпревар го победи Охрид со 25:28, додека вториот тим на „пелистерци“ беше поразен од Алкалоид со 29:27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот