Вардар и Еурофарм Пелистер убедливи пред финалната битка за трофејот!

фото: facebook.com/ihtstruga/

Вардар 1961 ја забележа и втората победа на традиционалниот струшки ракометен турнир, откако го совлада и Еурофарм Пелистер 2 со резултат 33:19.

Прв стрелец кај победникот беше левото крило Димитриоски кој 10 пати се запиша во листата на стрелците.

Како што и се предвидуваше „црвено-црните“ во борбата за трофејот на турнирот во Струга ќе се бори против првиот тим на Еурофарм Пелистер. Претходно битолчани дојдоа исто така до својата втора победа остварена против Прилеп убедлива со 38:17.

В сабота (15 август) е четвртиот ден на турнирот, од 17.15 часот Охрид ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, потоа Струга се соочува со првиот тим на Еурофарм Пелистер, а од 21.15 часот Вардар ја има фаворитската улога против Бутел.

В недела се последните дуели за конечен пласман, за седмото место од 10.00 часот, од 17.15 часот за петтата позиција, за третата од 19.15 часот, а финалето е од 21.15 часот.

Металург преку Струга си обезбеди место во „малото“ финале!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот