Ванковска: Да не бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво

Ванковска на средби со граѓани во Неготино/Фото: МИА

Левица е партија од народот, за народот. Ги знам сите проблеми на мојот народ. Се залагаме за тоа да престанеме да бидеме колонија, да престанеме да бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво. Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце.

Ова вечерва од Неготино го истакна кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска, која имаше средба со граѓани. Таа нагласи дека Македонците веќе се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.

-Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка. Таа веќе се менува. Таа е веќе милитаризирана. Таа веќе ги инвестира парите во војна,  за жал. Конечно треба да си го вратиме достоинството, порача Ванковска.

Носителот на листа на кандидати за пратеници во четвртата изборна единица, од „Левица“,  Сашко Јанчев рече дека „Македонија е во еден критичен судбоносен период, кога се решава нејзината судбина“. Тој додаде дека долгогодишното раскрчмување на државата сега влегува во завршна фаза.

-Ова е една од последните, можеби и последна шанса, народот да си ја спаси државата. За да го постигне тоа, мора да избере претседател, кој во прв план ќе го има државниот интерес, како и партија од која ќе зависи идната власт, што во прв план ќе ги има националните интереси на македонскиот народ. На овие избори, таква опција се професорката Ванковска и кандидатските листи за пратеници на партијата „Левица“, истакна Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот