Кинеско МНР: „Што и да се случи, Хонгконг е дел од Кина“

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека Хонгконг е дел од Кина, без ралзика што ќе се случи во оваа полуавтономна територија.

– Што и да се случи во Хонгконг, тој е дел од кинеската територија. Ниту еден обид за уништување на Хонгконг или поткопување на стабилноста на Хонг Конг не може да смета на успех – рече Ванг пред новинарите во Токио, одговарајќи на прашањето за локалните избори во градот.

Продемократската опозиција, се чини, однесе победа на изборите во Хонгконг, што е нов удар за шефицата на локалната влада, Кери Лам, и осуда на нејзиниот однос кон насилните протести што со месеци ја потресуваат оваа автономна кинеска територија.

Броењето на гласовите се уште трае, но медиумите пренесоа дека опозицијата освоила апсолутно мнозинство во локалниот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот