Ванчева Калевска за случајот „Рекет“: Нема и не смее да има недопирливи за правдата

Фото: МИА

Пратеничката на СДСМ, Снежана Ванчева Калевска, изјави дека вчерашниот ден е доказ за тоа дека немало и не смее да има недопирливи за правдата.

– Секогаш кога постои основано сомнение за сторено кривично дело обвинителството е должно да постапува согласно своите надлежности, а доколку таквите основани сомненија се преточат во обвинителен акт којшто ќе стигне во судот, судот секако треба да постапува. Што и како понатаму ќе се одвиваат работите околу овој случај, ниту сакам, ниту можам, ниту би било во ред да коментирам, бидејќи тоа е нешто кое што е строго согласно Уставот надлежност на третата власт, односно судската власт – рече пратеничката во врска со случајот „Рекет”.

Ние како парламентарци и јас како дел од парламентарното мнозинство, додаде таа, можам само да кажам дека навистина се надевам и верувам дека иднината ќе покаже дека Македонија, нашата држава може и мора да се справува со сите предизвици вклучително со предизвикот на загрозено владеење на правото.

– Тоа беше ветување на СДСМ и коалицијата за враќање на довербата на граѓаните, за темелите на државата коишто беа загрозени да бидат цврсто бетонирани и конечно да говориме за навистина непречено владеење на правото – рече пратеничката Ванчева Калевска.

Според неа, секој треба да си ја работи својата работа и секој има индивидуална одговорност, колективна може да биде политичката одговорност, но кога станува збор за кривична одговорност тогаш тоа секако има име и презиме и мора да биде индивидуализирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот