Валенса го предложи Навални за Нобеловата награда за мир

Поранешниот претседател на Полска, Лех Валенса го предложи рускиот опозиционер Алексеј Навални за Новелова награда за мир.

– Се радувам што можам да го предложам Алексеј Навални за Нобелова награда за мир за 2020 година, како признание за неговата храброст и напорите во објавување на корупцијата, одбраната на политичкиот плурализам и отпорот на се поавторативниот режим на Руската Федерација, наведува Валенса во писмото упатено до Нобеловиот комитет.

Валенса посочи дека Навални денеска се бори за идеалите на демократијата и против тоталитарниот систем.

Валенса, кој како лидер на синдикатот Солидарност се бореше против комунистичките власти во Полска, во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот