Вакцини против сезонски грип има, велат од Министерството за здравство

Вакцини против сезонски грип/Фото: Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вакцини против сезонски грип има, се одзваа од Министерството за здравсто, откако нашата редакција упати прашања поврзани со бесплатните вакцини за сезонски грип, поради поплаките на пензионерите дека имаат мака со упатите од матичните лекари, како и фактот што веќе немало слободни термини.

Во понеделник, истакнуваат од Министерството за здравство, следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација и ќе се пуштат сите останати термини.

-Здравствените установи се добро организирани и има одзив од граѓаните за вакцинација. Во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат. Дополнително, треба да пристигнат и 14,400 дози од вакцините- соти во одговорот

Министерството за здравство информира дека до вчерашниот ден закажани се 20,069 граѓани за бесплатна вакцинација за наредните денови во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава.

Оттаму апелираат до граѓаните да се вакцинираат со вакцини против сезонски грип, да го заштитат како своето здравје, така и колективното.

Се потрошија ли бесплатните вакцини за пензионерите? Нема веќе термини за закажување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот