Уживај Атиџе во цела среќа, иако знам дека ти пола во срце ја носиш, пола за Меденава земја ја даваш!

Каква и да си оди, Атиџе, со коса распуштена и средена, со елече стегнато, со руба најубава. Самоуверено оди, Атиџе.

Нека те дотераат, Атиџе. Твое време е. Машинерија те подбрала?! Кој вели, Атиџе? Тие што се секоја недела на фризер, на козметичар, по шопинзи и ситимолови што ги среќавам. Тие ли те бранат од машинерија?! Биди си жена, Атиџе. Ако сакаш кармин најцрвен стави, ич не ги фермај. На црвен тепих да блеснеш. И со сите да се сликаш, како тие што се сликаат кога со другарки одат во кафеана, на кафе-муабет, шопинг, викенд… И куп селфија да направиш и фотографии. И задолжително филтер да ставиш, затоа што тие ставаат филтер, Атиџе, ама тебе те распнаа.

Ти коса не смееш да фарбаш. Тие може што сакаат да прават, ама ти не. Машинерија било! А забораваат, Атиџе, дека ти си само жена. Гоу Атиџе, гоу. И на Бред Пит намигни му, на Леонардо раскажи му за Бекирлија и пчелите, подари им најубави насмевки. И уживај во цела среќа, иако знам дека ти пола во срце ја носиш, пола за Меденава земја ја даваш. Биди вистинска ѕвезда, Атиџе. Не на Инста или на ФБ, како овие. Уживај, Атиџе, а загрижениве нека ти каснат од медот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот