Ужас во Панама: Во улична престрелка убиен фудбалер кој пред шест месеци го чуваше Меси

Фото: Profimedia

Репрезентативецот на Панама Жилберто Ернандез е убиен во неделата во татковината во престрелка на улиците во Колон.

Медиумите пишуваат дека Ернандез кој е дефанзивец на Алтетико Индепендиенте е убиен откако двајца напаѓачи пукале во група лѓе. Сите останати од групата биле само ранети и Ернандез е единствениот кој го загубил животот.

Наводно, напаѓачите на местото пристигнале со такси и почнале да пукаат, таксистот дал исказ во полиција дека бил присилен да вози.

Ернандез имаше 26 години и за репрезентацијата на Панама дебитираше во март оваа година против Гватемала. Исто така играше против Аргентина на 24. март кога Лионел Меси постигна одличен гол од слободен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот