УТРИНСКИ БРИФИНГ | Димитров: Грција нѐ поддржува на патот кон ЕУ, но Балканците загубија верба
Грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис го покани Балканот на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ. Токму во Солун, на Самитот на ЕУ во 2003 година беше дадено ветувањето на ЕУ за вклучување на Балканот во своите редови.
Меѓутоа, како што се одвиваат работите, Балканците повеќе не се сигурни во својата европската перспектива со оглед на тоа што ветувањето не е исполнето по толку многу време.
-Грците го иницираа ветувањето на самитот во 2003, па Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба – со вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ тие ќе добијат пријатели и сојузници, рече Никола Димитров, заменик претседател на Владата за европски прашања за за Утрински брифинг.
Бидејќи помина прилично време, а ветувањето не се оствари, сега е време балканските земји да поразговараат на оваа тема што повторно ја иницира Грција.